Надлежности

Надлежностите на Комисијата се утврдени во Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. Според него Комисијата за верификација на фактите ги има следниве надлежности:

  • собира, истражува, анализира и оценува документи кои содржат информации за активностите согласно со членот 4 од овој закон,
  • објавува имиња на лица, кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување, поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања чија соработка е утврдена со органите на државната безбедност,
  • овозможува пристап на физички лица до информациите собрани за нив, во смисла на овој закон, на нивно барање, на барање на нивните роднини по права линија до втор степен вклучително и на лица овластени од нив со полномошно заверено на нотар,
  • издава документи за соработката на физички лица со органите на државната безбедност, во смисла на овој закон,
  • покренува постапка по иницијатива на трети лица,
  • ги информира надлежните органи за натамошно постапување,
  • донесува Деловник за работа,
  • изготвува шестмесечен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија,
  • одржува соработка со слични меѓународни институции,
  • води регистар согласно со членот 15 од овој закон и
  • врши и други работи определени со овој закон.