Средба со претставник на европскиот парламент Роберт Валтер

На 10.05.2012 год. во просториите на Комисијата за верификација на фактите се оствари средба помеѓу претставникот на Европскиот Парламент, Г-дин Роберт Валтер со Претседателот на Комисијата Г-дин Томе Аџиев и Генералниот Секретар Г-ца Мукадес Хајдаровска. Во разговорот Г-дин Валтер ценеше дека ваквата средба била неопходна, за да се запознае со работата на Комисијата за верификација на фактите, како процесот на лустрација влијае и помага во напорите на Република Македонија да стане членка на Европската унија, и за влијанието на овој процес во меѓуетничките односи во државата.
Исто така беше заинтересиран за Одлуката на Уставен суд, временската рамка што ја опфаќа лустрацијата во Македонија како и за бројот на решени предмети.

Работна средба со Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет

На 26.12.2011 година во просториите на Комисијата за верификација на фактите се оствари работна средба на Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Амбасадорот Ралф Брет, со Претседателот на комисијата Томе Аџиев, Заменикот претседател на комисијата Агим Мехмети и Генералниот секретар Мукадес Хајдаровска. На средбата се разговараше за процесот на лустрација кој ја опфати Македонија како еден важен процес во општеството, како и спроведувањето на законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција, и тешкотиите на кои наидува овој процес во Република Македонија.

Работна средба со евро пратеникот Андреј Ковачев

Во седиштето на Комисијата за верификација на фактите на ден 04.11.2011 година се одржа работна средба со евро пратеникот Андреј Ковачев и претставници на Комисијата за верификација на фактите. На средбата се разговараше за искуствата на државите кои се опфатени со процесот на лустрација. Евро пратеникот се интересираше за тоа кога е донесен законот, дали постои отпор, противење за негово спроведување, како тече спроведувањето на законот, кој се е опфатен со Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција и колку лица досега се опфатени во процесот. Исто така ги споделија позитивните искуства од процесот на лустрација од другите европски држави кои го поддржаа овој процес.
Г-дин Андреј Ковачев ја поздрави работата на Комисијата, со порака дека Комисијата за верификација на фактите ќе добие поддршка за спроведување на понатамошниот процес на лустрација и од европскиот парламент.

Тркалезна маса

Во организација на Фондацијата "Конрад Аденауер" од 26 до 30 април 2009 година во градот Калабија (Милано-Италија), беше организирано тркалезна маса на тема “20 години од падот на Берлинскиот ѕид-соочување со минатото и процесот на лустрација во Германија и Балканот”.

На тркалезната маса покрај претставници од Парламентот на Република Македонија, од Државниот Архив на Република Македонија и од Германскиот Парламент како и претставници на Фондацијата "Конрад Аденауер" учествуваа и претседателот и заменик претседателот на Комисијата за верификација на фактите г-дин Агим Мехмети и Проф. Др. Ѓорѓи Малковски.

Г-дин Агим Мехмети настапи со наслов “Предизвици за работата на Комисијата  за верификација на фактите” а проф. Др. Ѓорѓи Малковски настапи на тема “Значeњето на соработката на Македонските одделенија за безбедност на Комисијата за верификација на фактите при ефективно извршување на нејзината дејност”.