Прашања и одговори

1.Кога е формирана Комисијата за верификација на фактите?
- Комисијата е формирана на 15 јануари 2009 год.

2. Од колку членови е составена Комисијата?
- Комисијата е составена од 11 члена, односно од претседател, заменик-претседател и девет члена кои ги избира Собранието на Република Македонија.

3. Врз основа на кој закон се избрани членовите на Комисијта?
- Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција (“Службен Весник на Република Македонија“бр.14 /2008 и бр.64/2009 и 24/11), кој што во моментот е вон сила.

4.Со какво мнозинство се избираат членовите на Комисијата?
-Со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието на Република Македонија.

5. Колкуи време им трае мандатот на членовите на Комисијата?
- Пет години.

6.Кој свикува седница на Комисијата?
- Седница на Комисијата свикува претседателот по сопствена иницијатива, или на писмен предлог од најмалку 3 члена ба Комисијата.

7.Врз основа на кој закон работи Комисија?
- Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.86 од 07.07.2012 год).

8. До кога ќе се применува Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност?
- Десет години од денот на изборот на составот на Комисијата согласно Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција (“Службен Весник на Република Македонија“бр.14 /2008 и бр.64/2009 и 24/11).

9. Кој е периодот опфатен со Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност?
- Периодот од Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година до денот на започнување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.103 од 01.02.2006 год.)

10.Кои се надлежностите на Комисијата?
- собира, истражува, анализира и оценува документи кои содржат информации за активности согласно членот 4 од Законот;
- објавува имиња на лица, кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување, поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања чија соработка е утврдена со органите на државната безбедност.
- овозможува пристап на физички лица до информации собрани за нив, во смисла на наведениот Закон, на нивно барање, на барање на нивните роднини по права линија до втор степен вклучително и на лица овластени од нив со полномошно заверено на нотар;
- издава документи за соработка на физички лица со органите на државната безбедност, во смисла на Законот;
- покренува постапка по иницијатива на трети лица;
- ги информира надлежните органи за понатамошно постапување;
- донесува Деловник за работа;
-изготвува шестмесечен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија;
- одржува соработка со слични меѓународни организации;
- води регистар согласно членот 15 од овој Закон и
- врши други работи опоределени со Законот.

11. Кој ги врши стручните, административните и техничките работи на Комисијата?
Секретаријатот како стручна служба на Комисијата со кој раководи генералниот секретар на Комисијата, именуван од Комисијата, за време од пет години.

12. Со кои органи на државната безбедност соработува Комисијата?
- Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана, Агенцијата за разузнавање и Државниот архив на Република Македонија.

13. Кои се обврските на органите на државната безбедност со кои што соработува Комисијата?
- Доставуваат податоци за лица кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување, поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања, кои соработувале со органите на државната безбедност во смисла на Законот и други материјали побарани од страна на Комисијата.

14. Кои се обврските на граѓаните и институциите кон Комисијата?
- Кога се повикани службени лица и граѓани се должни да се појават пред Комисијата во рок од седум дена со цел да ги предадат информациите и документите собрани за нив.
- Органите кои ги чуваат базите на податоци и водат регистри за лицата - поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања се должни, по поднесено барање од Комисијата, да достават список со целосно име, татково име, презиме и ЕМБГ на овие лица во нивниот орган, како и да ги обезбедат информациите за кадровските промени од периодот утврден со овој Закон;

15. Со што ја утврдува Комисијата соработката со органите на државнта безбедност?
- Со Решение кое што содржи цело име и презиме, ЕМБГ, дата и место на раѓање, псевдоними кои ги користел и документи кои биле употребени како доказ за неговата соработка со органите на државната безбедност, јавна фунција или јавно овластување за кое е кандидат да го врши, го врши или го вршел.

16.Каде се објавува Решението?
- Решението се објавува на веб страницата на Комисијата. Во прилог на истата се објавуваат и документи кои биле употребени како доказ за утврдување на соработка на лицето со органите на државната безбедност.

17. Кога не се објавуваат податоци за лица за кои е утврдена соработка со органите на државната безбедност?
- Кога лицето е починато или кога лицето ќе ја повлече својата кандидатура за јавна функција или јавно овластување или ќе поднесе оставка како носител на јавна функција или јавно овластување три дена пред писменото известување за резултатите од спроведената постапка

18. Кој има право на пристап до документите на органите од државната безбедност?
- Секое лице има право на пристап до информации собрани за него, во смисла на овој Закон, со цел да се утврди соработка со органите на државната безбедост.

19.Како се искористува правото на пристап?
- Со поднесување на барање ( образците за поднесување на барање се симнуваат од веб страницата на Комисијта), од страна на самото лице или од овластен застапник (адвокат), со полномошно заверено на нотар. Прилог на барањето е потпишана писмена изјава за не објавување на податоците за кои барателот разбрал.