Слободен пристап до информации

Врз основа на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија, бр.13/2006), кој почна да се применува на 1 септември 2006 година, имателот на информации – Комисија за верификација на фактите, за службени лица кои ќе посредуваат при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, ги определува Билјана Фиданоска и Предраг Димитровски.

Комисија за верификација на фактите
Зграда на МРТВ
(17-ти спрат),
ул. Гоце Делчев бр.8
1000 Скопје
Република Македонија
тел: 02 3254 200
тел: 02 3254 201
факс: 02 3254 205
е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Што се подразбира под информација од” јавен карактер”?
“Информација од јавен карактер”е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата,односно со неа располага само имателот на информацијата,согласно со неговите надлежности.

Што се подразбира под "документ”во смисла на овој закон?
“Документ”е секој запис на информација без оглед на нејзината физичка формаили карактеристики,пишан или печатен текст,карти,шеми,фотографии,слики,цртежи,скици,работни материјали,како и звучни гласовни,магнетски или електронски,оптички или видео снимки во која било форма,како и пренослива опрема за автоматска обработка на податоци со вградени или преносливи мемории за складирање на податоци во дигитална форма.

Кои информации се исклучок од слободен пристап до нив?

  • Информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност
  • Личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци
  • Информација за архивско работење која е утврдена како доверлива
  • Информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка
  • Информација стекната или составена за истрага,кривична или прекршочна постапка,за спроведување на управна управна и на граѓанска постапка,а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката
  • Информација ,што се однесува на комерцијални и други економски интереси,вклучувајќиги и интерсите на монетранатаи и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остврувањето на функцијата
  • Информција од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации,чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината.
  • Информација за заштита на животната средина која не е достапна до јавноста заради заштитата на здравјето на луѓето и животната средина
  • Информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопстевност(патент,модел,мостра,стоковен и услужен жиг,ознака на потеклото на производот)

Што е “тест на штетност”во смисла на овој закон?
“Тест на штетност”е задолжителна постапка која ја спроведува имателот на информацијата,пред да го одбие пристапот согласно со членот 6од овој закон,а со каја ги проверува последиците врз интересот кој се заштитува,односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на информацијата.

Која е улогата на службеното лице за посредување со информации?
Службеното лице за посредување со информации контактира и ги дава потребните информации и му помага на барателот на информации за што води посебна евиденција за примањето на барања за информации,чувањето и давање на информациите.

Во каква форма барателот на информации треба да ја достави содржината на барањето?
Видот и формата на образецот на барањето за пристап до информациитеги утврдува Комисијата и имателот на информацијата е должен да го обезбеди образецот на барањето.

Линк до веб страницата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.