Анонимни иницијативи од трети лица не се прифаќаат

Комисијата за верификација на фактите донесе одлука да не ги прифаќа и процесуира анонимните иницијативи и претставки од трети лица. Ваквата одлука произлегува, пред се, од отсуството на законска основа, но првенствено од се почестите барања од правни, па и физички лица за проверка на поединци, кои ги наведуваат во доставите. Комисијата и досега во неколку наврати реагираше на ваквата појава, меѓутоа очигледно продолжува злоупотребата на правните лица, зад кои не стојат официјални потписници или претставници, што понатаму може да доведе до злоупотреба и на Комисијата и на самиот процес на лустрација.
Комисијата уште еднаш потсетува дека поднесувањето барања, иницијативи и претставки од трети лица е легално и легитимно, но апелира за максимално почитување на законските одредби. Согласно членот 34 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, секое лице има право на пристап до информациите собрани за него, во смисла на овој закон, со цел да се утврди соработка со органите на државната безбедност. Во ставот 4 од истиот член е предвидено дека пристапот ќе вклучува:

  1. Лична проверка на документите,
  2. Правење на копија од документите и
  3. Разоткривање на идентитетот на лицето/та - таен соработник, во смисла на овој Закон.

Почитувањето на јасните законски одредби претпочита и јасни правила на игра за утврден идентитет, адреса и контакти за меѓусебна комуникација со подносителите на иницијативата, барањето или претставка, со цел да се избегнат злоупотребите на законските можности, како и сите несакани последици.

Скопје, 04.12.2013 год.

Комисија за верификација на фактите

Соопштение

Комисијата за верификација на фактите Ви соопштува дека, согласно член 2 став 2 од Законот за престанување на важење на Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр.143/15), кој од 24 август влезе во сила, а од 1 Септември почна да се применува, Комисијата за верификација на фактите од 01.09.2015 година нема мандат за покренување на нови постапки согласно Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр.86/2012).

Согласно горенаведеното, престанува да важи обврската на државните органи за доставување список со име, презиме и ЕМБГ, на кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување,кои ќе се пријават на идни евентуални огласи, или при именување на лица кандидати на јавни функции или јавни овластувања, а со цел покренување на постапка за утврдување на факти и проверка на истите во евиденциите на четирите институции со кои што соработуваше Комисијата согласно Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Скопје, 23.09.2015 год.

Комисија за верификација на фактите

За една година проверени 15.630 лица

Со стапувањето во сила на Законот за определување на услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, Комисијата за верификација на фактите провери вкупно 15.630 лица. Во првиот шестмсечен извештаен период, од 15 јули 2012 до 15 јануари 2013 година, биле опфатени 3.863, а во вториот период, од 15 јануари до 15 јули 2013 година, 11.767 кандидати, актуелни и поранешни носители на јавна функција или јавно овластување.

Од проверените лица во првите шест месеци од годинава, 3.761 се носители и биши носители на јавна функција или јавно овластување, додека 8.006 се кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување. За жал, Комисијата не е во можност конкретно, низ бројки да ги подели актуелните и поранешните носители на јавни функции или овластувања, зашто институциите кои доставуваа своите списоци на поранешни и сегашни вработени ги имаа заедно вметнато двете категории. 

Во бројката на кандидати за носители на јавни функции или овластувања влегуваат и проверените 7.797 лица, кои на годинешните локални избори учествуваа како кандидати за градоначалници или советници. Во редовниот и дополнителниот рок, за проверка беа доставени вкупно 8.895 кандидати од кои, по проверката во сопствената база на податои, Комисијата утврди дека 1.098 лица т.е. 12 отсто веќе биле претходно лустрирани по различна основа.

Од аспект, пак, на прогласени соработници на поранешните тајни служби или наредбодатели, кои ги прекршувале основните човекови права и слободи од идеолошки, политички или партиски причини, во изминатите 12 месеци како такви се евидентирани 61 лице, од кои 33 се од овој, а 28 од претходниот шестмесечен извештаен период. Или, од почетокот на работењето на комисијата за верификација на фактите досега за соработници на поранешните тајни служби или за наредбодатели се прогласени вкупно 73 лица.

Од 33-те прогласени соработници на поранешните тајни служби или наредбодатели во периодот од 15 јануари до 15 јули годинава, 28 се поранешни носители, еден е актуелен носител, а четворица биле канидати за носители на јавна функција или јавно овластување.

Скопје, 30.08.2013 год.

Комисија за верификација на фактите

Известување за три месни заедници од Гостивар

Се известуваат граѓаните од трите месни заедници од Гостивар, кои  согласно Законот пред Комисијата за верификација на фактите сакаат да покренат иницијатива за трети лица, кои според нив подлежат на процесот на лустрација, дека е неопходно нивни претставник што побргу да се обрати до Комисијата.

На 19 август годинава во Комисијата пристигна писмо од Гостивар, но без конкретни лични податоци, адреса или телефонски контакт за натамошна комуникација. Испраќачот својата индивидуалност ја заменува со колективно барање на граѓаните од гостиварските месни заедници Ново маало, Дутлок и Македонско маало. Притоа, се бара поведување постапка и објавување на соработката на осум лица наведени со име и презиме, за кои постојат сомневања дека биле соработници на поранешните тајни служби. 

Комисијата е должна да ја исполни својата законска обврска, но тоа не е во можност да го стори без максимално почитување и на законските одредби.

За да се избегнат било какви натамошни шпекулации или неоправдани обвинувања, Комисијата апелира ополномоштен претставник на наведените месни заедници да се обрати по писмен пат или телефонски до техничката служба за да се обезбеди натамошна непречена комуникација. 

Скопје, 20.08.2013 год.

Комисија за верификација на фактите

Лице на висока јавна позиција во општеството прогласено за соработник на тајните служби

Комисијата за верификација на фактите на денешната седница (17 јули 2013 година) меѓу другото, прогласи за соработник на поранешните тајни служби, лице на висока позиција во општеството, кое во периодот од 60-тите, па до крајот на 80-тите години на минатиот век соработувал со службата за државна безбедност и ги кршело основните човекови права и слободи од идеолошко-политички прични, а денес е член на висока научна установа во земјата.
Во повеќе досиеја, што се наоѓаат во Државниот архив, пронајдени службени белешки и други документи, кои потврдуваат дека лицето, најпрво било предмет на оперативна обработка заведено под псевдонимот “Прозаист” , а почнувајќи од 60-тите години на минатиот век и истовремено додека бил предмет на оперативна обработка, на поранешните тајни служби им давал информации за врвни македонски имиња од областа на литературата, кои од поранешните тајни служби биле предмет на обработка и осомничени дека, наводно, настапувале од позиции на македонски национализам, анархолиберализам или граѓанска десница.
Согласно законските одредби, името на лицето и документите ќе бидат објавени во рок од три дена.
На седницата и формално беа потврдени одлуките на Комисијата, донесени на неколку претходни седници, за 12 други лица, кои беа прогласени за наредбодавци или соработници на поранешните тајни служби, но чии лични податоци требаше дополнително да се утврдат. Притоа, заклуечено е дека шестмина од нив се веќе починати, а други шестмина се живи. Личните податоци и документите за живите лица ќе бидат објавени во рок од три дена на веб-сајтот на Комисијата.  

Kомисија за верификација на фактите

Заклучок, 01.07.2013

По повод реакциите на некои физички и правни лица од Република Македонија на донесените одлуки на седницата одржана на 28.06.2013 година, Комисијата за верификација на фактите на седницата одржана на ден 01.07.2013 година го донесе следниот Заклучок.

Заклучок, 13.06.2013

Врз основа на член 10 став 2 од Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, Комисијата за верификација на фактите на седницата одржана на ден 13.06.2013 година го донесе следниот Заклучок.

Комисијата за верификација на факти за локалните избори 2013 провери 8.895 кандидати

Комисијата за верификација на фактите за прв пат од своето постоење беше директно вклучена во изборниот процес за локаните избори 2013 година. За разлика од минатите избори во 2009 година на кои кандидатите имаа обврска да достават заверени писмени изјави за несоработка со безбедносните служби согласно тогашниот Закон, на овие избори , согласно Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, општинските изборни комисии ги доставуваа комплетните листи на кандидатите до Комисијата за верификација на фактите.

Во редовниот и дополнителниот рок, за проверка беа доставени 8.895 кандидати за градоначаници и советници. Од нив, по проверката, Комисијата утврдила дека 1.098 лица т.е над 12% веќе биле претходно лустрирани по различен основ.

Од страна на Комисијата за верификација на фактите со барање до 4-те надлежни институции беа испратени 7.797 лица, дали евидираат во нивните евиденции како соработници. Во одговорите од 4 -те инситуции по 26 предмети Комисијата одлучуваше за фактите и за 3 лица утврди дека биле соработници на тајните служби од идеолошко - политички и партиски причини.

Соопштение 14.02.2013

Комисијата за верификација на фактите в недела, 17 февруари 2013 година, ќе работи цел ден. Со цел да ја исполни својата законска обврска за проверка на кандидатските листи за градоначалници и советници, Комисијата ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии во периодот до 24 часот. Крајниот рок за доставување на изборните листи до ДИК истекува на 16 февруари на полноќ.

Kомисија за верификација на фактите

Соопштение 14.02.2013

Поднесувањето барања, иницијативи и претставки од трети лица е легално и легитимно. Согласно членот 34 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, секое лице има право на пристап до информациите собрани за него, во смисла на овој закон, со цел да се утврди соработка со органите на државната безбедност. Во ставот 4 од истиот член е предвидено дека пристапот ќе вклучува:

  1. Лична проверка на документите,
  2. Правење на копија од документите и
  3. Разоткривање на идентитетот на лицето/та - таен соработник, во смисла на овој Закон.

Почитувањето на јасните законски одредби претпочита и јасни правила на игра за утврден идентитет, адреса и контакти за меѓусебна комуникација со подносителите на иницијативата, барањето или претставка, со цел да се избегнат злоупотребите на законските можности, како и сите несакани последици.

Комисијата за верификација на фактите како досега, така и во иднина нема да ги прифаќа и процесуира поднесените анонимни барања, иницијативи и претставки од трети лица, без оглед на тоа дали станува збор за правни или физички лица. Ваквата одлука произлегува, пред се, од отсуството на законска основа, но првенствено од се почестите барања од правни лица за проверка на поединци, кои фигурираат како нивни членови. Притоа, се злоупотребува називот на правното лице, зад кое, за жал, не стои и неговиот официјален потписник или претставник, што понатаму води и кон злоупотреба на Комисијата за верификација на фактите, но и на самиот процес на лустрација, а крајниот епилог може да биде повреда на основните човекови права и слободи.

Kомисија за верификација на фактите

Соопштение 27.12.2012

1. Комисијата не го прифаќа образложението на членовите на Комисијата при поднесувањето на оставките и излагањето пред средствата за јавно информирање, бидејќи истото не одговара на фактичката состојба во Комисијата.

2. Комисијата без селективност и без исклучок сите одлуки ги донесува согласно Законот, деловникот за работа и правилникот за внатрешен распоред на предметите за работа на Комисијата за верификација на фактите со методологија.

3. Комисијата изразува жалење што овие членови оставките ги поднесоа по повикот од одредена политичка партија.

4. Комисијата продолжува да работи и да го спроведува Законот, без обзир на нивните оставки.

Kомисија за верификација на фактите

Известување: при конкурирање не се потребни изјави

Се известуваат сите државни и јавни иснтитуции дека со стапувањето во сила на новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (Службен весник на Република Македонија бр.86/ 2012), при објавувањето на конкурсите за вработување, немаат законска обврска да бараат од кандидатите да доставуваат и доказ за верифицирана изјава бр.1 од Комисијата за верификација на фактите.

Ваквата изјава беше задолжителна со одредбите на стариот Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, што веќе е вон сила.

Согласно новиот Закон (чл. 27, став 2), чија примена започна на 17.07.2012 година, во рок од 24 часа по завршувањето на огласот, државните и јавните институции имаат обврска до Комисијата да достават листа со име, татково име и презиме и ЕМБГ за кандидатите пријавени на огласот.

Комисија за верификација на фактите
Скопје, 18.09.2012 година

Известување за група граѓани од Гостивар

Се известува групата граѓани од Гостивар, која согласно Законот пред Комисијата за верификација на фактите покрена иницијатива за трето лица, кое подлежи на процесот на лустрација, во нашата архива евидентирана на 03.09.2012 година, дека е неопходно нејзин претставник што побргу да се обрати до Комисијата.

Групата во поднесеното барање нема наведено никаква адреса ниту телефонски број за евентуален контакт, поради што Комисијата не е во можност да го достави бараниот одговор во предвидениот законски рок.

За да се избегнат било какви натамошни шпекулации или неоправдани обвинувања, Комисијата апелира претставник на групата да се обрати по писмен пат или телефонски до техничката служба за да се обезбеди натамошна непречена комуникација.

Комисија за верификација на фактите
Скопје, 18.09.2012 година

Соопштение 20.07.2012

Комисијата за верификација на фактите, согласно член 14, 24 и 34 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (Службен весник на Република Македонија бр.86/2012) и заклучокот бр.07-2450/2 донесен на седницата одржана на ден 19.07.2012 година го издаде следното  

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно член 14 алинеја 3 и член 34 став 1 и 2 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, секое лице, има право на пристап до информациите собрани за него во смисла на Законот, со цел да се утврди соработката со органите на државната безбедност.

Правото на пристап до информациите се овозможува по поднесено писмено барање од самото лице, или од неговите роднини по права линија до втор степен, вклучително и по барање поднесено од нивни овластен застапник (адвокат), со уредно полномошно заверено на нотар. Прилог на барањето е потпишана писмена изјава за не објавување на податоците за кои барателот разбрал.

Се известуваат сите физички и правни лица и институциите кои поседуваат оргинални документи на органите на државната безбедност, дека согласно член 24 од Законот се должни да ги достават до Комисијата за верификација на фактите лично, преку пошта, или на друг начин.

Согласно член 14 алинеја 5 од Законот, секое лице може да покрене иницијатива пред Комисијата за верификација на фактите со цел да се утврди соработка со органите на државната безбедност.

Kомисија за верификација на фактите 

Известување 17.07.2012

Почитувани,

Ве известуваме дека со влегување во сила на Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр.86/2012), сите институции кои што во нивните огласи го предвивуваа дополнителниот услов за вршење јавна функција во согласнот со одредбите од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.14/08,.64/09 и 24/11) кој што во моментот е вон сила а согласно кој од кандидатите се бараше освен другите документи да достават и доказ за верифицирана изјава бр.1 од Комисијата за верификација на фактите, од денешен ден да не ги задолжуваат кандидатите да достават изјава и согласно член 27 став 2 од горенаведениот закон кој на ден 17.07.2012 година влезе во сила по завршување на огласите имаат законска обврска до Комисијата да достават на проверка листа со име, татково, презиме и ЕМБГ за кандидатите пријавени по огласот.

Со почит,
Комисија за верификација на фактите

Соопштение 15.12.2011

Комисијата за верификација на фактите, го осудува вандалскиот чин што се случи на 13 декември во Битола, на куќата на претседателот на Комисијата, г-дин Томе Аџиев.
Членовите на Комисијата укажуваат на фактот дека Комисијата за верификација на фактите е колективно тело кое работи врз основа на Законот за определувањењ на дополнителен услов за вршење јавна функција и сите одлуки ги донесува во согласност со законски предвидените процедури и со мнозинство гласови. Со други зборови, одлуките на комисијата не зависат од поединечниот став или глас на било кој член, па ниту од гласот на претседателот.
Комисијата за верификација на фактите е против сите видови притисоци врз членови на комисијата и се надева дека надлежните органи ќе ги откријат сторителите на вандалскиот чин на куќата на претседателот на Комисијата.
Исто така, Комисијата апелира до сите одговорни субјекти во државата, медиумите и експертската јавност, да придонесат процесот на лустрацијата да се движи во рамките на Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција како и на другите позитивни закони што го регулираат овој чувствителен процес.


Скопје, 15.12.2011
КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИТЕ

Соопштение 14.03.2011

Комисија за верификација на фактите ,во врска со обврската за поднесување на писмена изјава заверена на нотар,на лице кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, го дава следното

С о о п ш т е н и е

Согласно Член 7 став(3) од Законот за измени и дополнувања на законот за определување на дополнител услов за вршење на јавна функција (Сл.Весник на Р.Македонија бр.24 од 25.02.2011год.) Лицето од членот 5 на овој закон, кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, е должно да поднесе писмена изјава заверена на нотар до Комисијата за верификација на фактите, со која изјавува дека не соработувал со органите на Државната безбедност од периодот определен со членот 2 став(1) од горенаведениот закон.

Согласно Член 25 од истиот Закон, лицето кое било носител на јавна функција, а кое не е починато, е должно да поднесе писмена изјава заверена кај нотар до Комисијата за верификација на фактите, во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон.

Рокот за доставување на изјава започна да тече од 08.03.2011година.

Kомисија за верификација на фактите

Известување 04.08.2010a

Комисијата за верификација на фактите ја известува јавноста дека до 15.07.2010 год. до Комисијата писмена изјава заверена кај нотар, со која изјавува дека не соработувал со органите на државната безбедност во периодот од член 2 став 1 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција(“Сл.Весник на Р.М.бр.14/08 и 64/09“) доставиле 2.698 лица . До Комисијата изјава од лица кои вршат јавна функција доставија 2.265 лица и 161 кандидат за вршење јавна функција.
Комисијата за верификација на фактите до 15.07.2010 год. има верифицирано вкупно 324 изјави на лица функционери од член 5 од Законот и 158 кандидати за вршење јавна функција.
Комисијата до 15.07.2010 година има донесено вкупно 324 Уверенија за исполнување на дополнителен услов за вршење јавна функција.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката за верификација на Изјавите, дека Изјавата им е верифицирана, и изготвено е Уверение дека го исполнува дополнителниот услов за вршење јавна функција.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката (Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, 72 судии во Република Македонија, кандидати за судии и кандидати за директори на јавни претпријатија.) дека можат да си го подигнат Уверението за исполнување дополнителен услов за вршење јавна функција секој работен ден во просториите на Комисијата за верификација на фактите.

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 04.08.2010

Комисијата за верификација на фактите ја известува јавноста дека до 15.07.2010 год. до Комисијата писмена изјава заверена кај нотар, со која изјавува дека не соработувал со органите на државната безбедност во периодот од член 2 став 1 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција(“Сл.Весник на Р.М.бр.14/08 и 64/09“) доставиле 2.698 лица . До Комисијата изјава од лица кои вршат јавна функција доставија 2.265 лица и 161 кандидат за вршење јавна функција.
Комисијата за верификација на фактите до 15.07.2010 год. има верифицирано вкупно 324 изјави на лица функционери од член 5 од Законот и 158 кандидати за вршење јавна функција.
Комисијата до 15.07.2010 година има донесено вкупно 324 Уверенија за исполнување на дополнителен услов за вршење јавна функција.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката за верификација на Изјавите, дека Изјавата им е верифицирана, и изготвено е Уверение дека го исполнува дополнителниот услов за вршење јавна функција.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката (Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, 72 судии во Република Македонија, кандидати за судии и кандидати за директори на јавни претпријатија.) дека можат да си го подигнат Уверението за исполнување дополнителен услов за вршење јавна функција секој работен ден во просториите на Комисијата за верификација на фактите.

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување за прес конференција

Комисијата за верификација на фактите ги известува медиумите дека ќе одржи прес конференција на ден 04.08.2010 год. (среда) во 11:00 часот.
Истата ќе се одржи во просториите на Комисијата (во зградата на МТРВ - 17кат)
Тема на пресот ќе биде: Извештајот за работата на Комисијата во период од 15.01.2010 до 15.07.2010 година.

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 16.06.2010а

Комисијата за верификација на фактите ја известува јавноста дека со Одлука бр.02-297/1 која се објави во дневните весници “Дневник“ и “Коха“ и “Сл.Весник на Р.М. бр.59/2010“), а согласно член 6 став 2 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, Претседавачот и членовите на советот на општината и градот Скопје се утврди во периодот од 05.мај.2010 год. до 05.јуни.2010 год. да достават писмена Изјава заверена кај нотар до Комисијата, со која изјавуваат дека не соработувале со органите на државна безбедност во периодот опфатен во член 2 став 1 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Обврска за поднесување писмена Изјава заверена кај нотар до Комисијата имаа 1.391 советник од 85 општини во Република Македонија.
До Комисијата за верификација на фактите во определениот рок писмена изјава заверена кај нотар доставија 1.283 советници.
Изјави не доставија 108 советници.
Комисијата за верификација на фактите на седницата одржана на ден 14.06.2010 год. согласно член 8 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, донесе Решение за неисполнување на условите за вршење јавна функција поради неподнесување изјава на 108 советници.
Комисијата за верификација на фактите Решенијата за неисполнување на условите за вршење јавна функција поради неподнесување изјава, ќе ги достави до Државната изборна комисија, за понатамошна постапка и за покренување на постапка за разрешување на советниците.

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 14.06.2010

Комисијата за верификација на фактите ја известува јавноста дека до 14.06.2010 год. до Комисијата писмена изјава заверена кај нотар, со која изјавува дека не соработувал со органите на државната безбедност во периодот од член 2 став 1 на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција(“Сл.Весник на Р.М.бр.14/08 и 64/09“) доставиле 2.514 лица функционери кои вршат јавна функција.
Комисијата за верификација на фактите до овој период има верифицирано вкупно 287 изјави на лица функционери од член 5 од Законот.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката за верификација на Изјавите, дека Изјавата им е верифицирана, и изготвено е Уверение дека го исполнува дополнителниот услов за вршење јавна функција.
Комисијата ги известува функционерите за кои е завршена постапката (Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, членовите на Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, 72 судии во Република Македонија, кандидати за судии и кандидати за директори на јавни претпријатија.) дека можат да си го подигнат Уверението за исполнување дополнителен услов за вршење јавна функција секој работен ден во просториите на Комисијата за верификација на фактите.

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 01.06.2010

Комисијата за верификација на фактите ги известува сите институции во Република Македонија дека при објавување на Оглас за избор на лице за обавување на функција опфатена со член 5 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Службен весник на Р.М.”14/08 и 64/09) должни се да го предвидат и дополнителниот услов за вршење јавна функција.
Согласно член 9 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција- Обврска за поднесување писмена Изјава заверена кај нотар до Комисијата за верификација на фактите настапува со почетокот на постапката за кандидирање или конкурирање утврдена согласно посебен закон.
Кандидатот за носител на јавна функција од член 5, кој нема да поднесе писмена Изјава заверена кај нотар до Комисијата, со која изјавува дека не соработувал со органите на државна безбедност во периодот од член 2 став 1 од Законот за определување дополнителен услов Не ги исполнува условите за кандидирање за носител на јавна функција.
Институциите за кандидатот кој нема да поднесе писмена Изјава треба да постапи како кон неисполнет дополнителен услов во постапката за кандидирање или конкурирање. 

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 27.04.2010

Комисијата за верификација на фактите врз основа на Одлуката за објавување на известување за датумот од кој почнува да тече рокот за поднесување на заверена писмена изјава. Бр.02 – 297/1 од 27.04.2010 год. го известува Претседавачот и членовите на Советот на општината и градот Скопје – како носители на јавна функција, дека сте должни да поднесете писмена Изјава заверена кај нотар до Комисијата со која изјавувате дека не сте соработувале со органите на државната безбедност во периодот опфатен со член 2 став 1 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.
Рокот за поднесување на Изјавата е од 05 мај 2010 год до 05 јуни 2010 год.
Потребната Изјава бр. 2 (за функционери) можете да ја најдете на нашата веб страница. www.kvf.org.mk
Лицето кое нема да поднесе писмена изјава заверена кај нотар во определениот рок до Комисијата, се смета дека Не ги исполнува условите за вршење јавна функција - Претседавач-Советник во општината и градот Скопје.
Комисијата по службена должност, веднаш после утврдениот рок, и без расправа со решение го утврдува неподнесувањето на писмената изјава на носителот на јавна функција-Советникот.
Комисијата, Решението за неисполнување на условите за вршење јавна функција поради неподнесување изјава, го доставува до надлежниот орган да покрене постапка за разрешување од функцијата Советник.

 

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Известување 11.03.2010

Врз основа на член 22 став 3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција и Заклучокот бр.02-148/1 на Комисијата од 11.03.2010 год. Комисијата за верификација на фактите ги известува граѓаните на Република Македонија кои имаат и поседуваат релевантни податоци, списи и други документи –досиеја, за лицата опфатени во член 5 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, да ги достават до Комисијата за верификација на фактите, лично или на адреса бул. Крсте Мисирков бб (Зграда на МРТВ 17-ти спрат).
Доставените податоци, списи и други документи , Комисијата ќе ги зема веднаш во обработка.
Комисијата ги повикува граѓаните да ги достават своите податоци, иницијативи и преставки до Комисијата, а со тоа ќе помогнат во процесот на лустрација.

 

Комисија за верификација на фактите
Претседател,
Јанаќе Витановски

Комисија за верификација на фактите - 15.01.2010

За новинарите, 15.01.2010 година

Комисија за верификација на фактите

На денешен ден, пред една година, на 15 Јануари 2009 година Собранието на РМ го избра составот на Комисијата за верификација на фактите, која брои 11 членови.
Комисијата е при крај со сместувањето во новите простории. 

Повеќе: Комисија за верификација на фактите - 15.01.2010

Соопштение до медиумите

Соопштение до медиумите

Комисија за верификација на фактите

Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија на 17-та седница по извршување на процедурите за верификација на изјавите на членовите на Комисијата ги верифицираше изјавите на членовите на Комисијата.

Повеќе: Соопштение до медиумите

Комисија за верификација на фактите - 31.08.2009

За новинарите, 31.08.2009 година

Комисија за верификација на фактите

Комисијата за верификација на фактите е формирана врз основа на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, донесен од Собранието на Република Македонија на 29 јануари 2008 година, со цел утврдување на исполнувањето на дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, за нивна несоработка со органите на државната безбедност, и правните последици од таквата соработка.

Повеќе: Комисија за верификација на фактите - 31.08.2009