Тековно работење

ОБВРСКА НА ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИТЕ
Согласно член 23 од Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.86/2012), по доставено барање од страна на Комисијата за верификација на фактите, правното лице во рок од 15 дена од приемнот на барањето е обврзано до Комисијата да достави список со целосното име, татково име и презиме, ЕМБГ и позиција на сите поранешни или сегашни носители на јавни функции или поранешни или сегашни вршители на јавни дејности или јавни овластувања во тоа правно лице.
По доставено барање од Комисијата, законската обврска ја исполниле 502 институции.

Согласно член 18 став 1и 2 од Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност ( „Службен весник на Република Македонија“ бр.86/2012), под органи на државната безбедност со кои соработува Комисијата се сметаат Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање и Државниот архив на Република Македонија. Наведените органи, согласно член 20 став 1 од истиот Закон, се должни на Комисијата да и ги достават на увид и располагање сите релевантни податоци, списи и други документи во смисла на овој Закон.